Новак Ѓоковиќ изминатиот викенд ја освои титулата на АТП турнирот во Астана, Казахстан. Србинот по ваквиот исход се закити со одличје и на турнир од серијата 500.
Со овој трофеј Ѓоковиќ успеа да повтори еден успех кој не е виден на тениските терени од 2010 година. Ноле годинава креваше трофеи во сите натпреварувачки серии, односно во Тел Авив (250), Астана (500), Рим (1000), како и на гранслем турнир освојувајќи го Вимблдон.
Ваков подвиг претходно имаше Роџер Федерер во 2010 година, кога го освои и завршниот Мастерс. Шанса за тоа ќе има и Ѓоковиќ бидејќи се очекува негов настап во Торино во ноември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

