Арсенал ја продолжи агонијата на Ливерпул која трае од стартот на сезоната. Во дербито на 10. коло од Премиерлигата „топџиите“ славеа на домашен терен со 3-2 со што се вратија на врвот на табелата и „избегаа“ на 14 бода предност во однос на „црвните“.
По крајот на натпреварот германскиот стратег на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека за неговиот тим е завршена битката за титула и само невидено чудо може да ги врати во истата.
„Се откажувам, ни е повеќе интересно. Ни треба чудо во следните неколку месеци и сите да почнат да губат, а ние да победуваме се. Тоа е единственото нешто. Можеме да разговараме за тоа, но мислам дека е крај. Мораме да најдеме начин да влеземе во континуитет, а тоа не се случува“, вели Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

