Играч на Брајтон принуден да ја заврши кариерата поради проблеми со срцето

Играчот од средниот ред на Брајтон, Енок Мвепу е принуден да ја заврши кариерата на 25 години поради срцеви проблеми. Фудбалерот од Замбија дознал дека има ретка срцева мана поради која не може професионално да се занимава со фудбал.

Мвепу се чувствувал лошо додека бил на пат кон Африка за да се приклучи на репрезентацијата. После некое време во болница во Мали, се вратил во Брајтон каде што ги направил сите кардиолошки прегледи. Тие покажаа дека има срцева мана која му оневозможува да се занимава со професионален спорт.

„Тој и неговата фамилија имаа трауматична седмица и сите сме благодарни што мина низ тој период. Имаше ветувачка кариера за целосно да се опорави. Ние како клуб му даваме поддршка за да се опорави целосно. Потоа самиот ќе одлучи за следните чекори во животот“, рече првиот човек на Брајтон, Тони Блум.

Мвепу играше четири години во Салцбург. Брајтон го купи 2021 година, а за англискиот клуб одигра 24 меча.

Се вчитува...