Барселона на шопинг во Лондон, на мета Жоржињо?

Челси и Жоржињо имаат договор на соработка до крајот на оваа сезона, односно јуни 2023 година. Во случај да не се договорат двете страни на продолжување на соработката, тогаш фудбалерот ќе може да си замине како слободен агент.

Како што пренесува шпанскиот „Спорт“, агентот на италијанскиот репрезентативец е виден во Каталонија, каде би требало да се сретне со претставници на Барселона.

Каталонците и следното лето ќе купуваат играчи без обештетување, како што направи и минатиот преоден рок кога ги доведе Франк Кеси, Андреас Кристенсен, Хектор Белјерин и Маркос Алонсо.

Се вчитува...