Кристијано Роналдо лошо ја отвори втората сезона по големиот „кам-бек“ во Манчестер. Португалецот не добива големи шанси кај Ерик Тен Хаг, па поради тоа и многу тешко се враќа во препознатливата форма.
Медиумите од Англија пишуваат дека Манчестер јунајтед најверојатно ќе го пушти Роналдо да замине уште во јануари, иако во текот на летото се обидуваше да си најде нов клуб.
„Сан“ објави дека Интер Мајами, клубот на Дејвид Бекам кој се натпреварува во американската МЛС, се обидува да го доведе 37-годишниот Португалец.
Единствениот услов што го има Интер Мајами е Роналдо пред тоа да го раскине договорот со Јунајтед и да замине во САД како слободен играч.
Сепак, останува и желбата на Роналдо да е согласен и подготвен да се пресели во САД или се уште сака да игра врвен фудбал во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

