Се остварија „хорор“ прогнозите на Мурињо, Дибала и дефинитивно го пропушта Мундијалот!

Менаџерот на Рома, Жозе Мурињо излезе дека тоќно ја прогнозирал новата повреда на Паоло Дибала. Аргентинецот со сигурност ќе го пропушти Мундијалот во Катар.

Дибала се повреди синоќа против Лече при изведувањето на пеналот и почувствува болка во бутниот мускул.

Денешните лекарски прегледи покажаа дека има кинење на мускулот и дека му следи пауза од 4 до 8 недели.

Тоа значи дека Дибала сигурно ќе го пропушти Мундијалот во Катар кој започнува следниот месец, а на терените ќе се врати во јануари кога продолжува сезоната во Серија А.

Се вчитува...