Иниеста најави спектакуларен камбек во Барса: Некои услови треба да бидат исполнети…

Андрес Иниеста се приближува до крајот на кариерата, шпанскиот генијалец на 38-годишна возраст игра одлично во дресот на Висел Кобе, но и нему му е јасно дека наскоро ќе мора да заврши со активното играње фудбал.

Иниеста во изјава за шпанските медиуми најави дека негова голема желба е да се врати назад во Барселона, клубот каде ги мина најубавите моменти во кариерата.

„Ќе бидам овде во Јапонија уште една година, а потоа ќе видиме. Она што навистина го сакам е да се вратам во Барселона, тоа е мојот дом и би било прекрасно да сум повторно таму. Се уште не знам кога улога, дали како тренер, спортски директор или нешто трето. Секако, ќе треба да бидат одредени услови за тоа да се реализира, но најважно од се е што постои желба“, изјави Иниеста.

Се вчитува...