Интер и Чалханоглу се „врзуваат“ до 2025 година

Интер има намера да го продолжи договорот со играчот од средниот ред, Хакан Чалханоглу. Сегашниот договор на 28-годишниот турски фудбалер истекува во 2024 година. Сега „нероазурите“ планираат да го „врзат“ до 2025 година.

Агентот на играчот во последните денови беше во Милано, за да ги соопшти барањата на играчот кој дојде од Милан минатата сезона.

Во минатото Чалханоглу играше и за Хамбургер, па за Баер Леверкузен, од каде замина во Милано.

Се вчитува...