Објавени се деталите на договорот на Ерлинг Халанд во Манчестер Сити. Од „Атлетик“ пишуваат дека норвешката гол машина има ослободителна клаузула од 200 милиони евра, која почнува од 2024 година, но само за клубовите надвор од Премиерлигата. За тимовите од Англија нема клаузула.
Исто така како одминува времето, клаузулата се намалува. Во јавноста се појавија информации дека Реал Мадрид ќе тргне по Норвежанецот во 2024 година, и ќе ја плати откупната клаузула.
22-годишниот голгетер е еден од најдобрите во моментов, а има 20 гола на 13 меча за Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

