Денис Закарија неочекувано го засили Челси во последните часови од летниот трансфер рок, но сеуште чека на своето деби за лондонскиот клуб. Швајцарскиот репрезентативец пристигна на „Стемфорд Бриџ“ како голема желба на Томас Тухел, но по заминувањето на герамснкиот стрег големи се шансите и тој самиот да замине веќе во јануари.
Новиот стратег Грем Потер не смета на 25-годишникот и тој беше изоставен од составот за последните два натпревара во Премиерлигата па во медиумите во Англија се појавија информации дека Челси и Јувентус повторно ќе седнат на заедничка маса да разгледаат можност за прекин на позајмицата.
Закарија беше одлучен да остане во Јувентус и да се бори за место во тимот и пред интересот од Челси, но „старата дама“ со цел да се ослободи од финансии дозволи заминуавање на фудбалерот кој го засили тимот во јануари 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА