Един Џеко од следната сезона во Баерн Минхен?

Еден од најдобрите босански фудбалери Един Џеко од следната сезона би можел да го засили Баерн Минхен, пренесуваат германските медиуми. Неговиот договор со Интер завршува ова лето и тој би можел да се пресели на „Алијанц Арена“ како слободен играч во обид да се пополни празното место кое настана по заминувањето на Роберт Левандовски.

Следната сезона репрезенативецот на Босна и Херцеговина ќе настапува како 38-годишник и тој не е првата опција за ангажман, но неговото искуство може да биде пресудно за најголемата амбиција на „баварците“ – трофеј во Лигата на Шампиони.

На листата на желби на Баерн Минхен се јавуваат Хари Кејн, Душан Влаховиќ и Лаутаро Мартинез, но и доколку биде доведен некој од овие напаѓачи останува можноста за ангажман на Џеко. Тој веќе има и големо искуство во германското првенство каде од 2007 до 2011 година настапуваше за Волфсбург, а постигна 66 гола.

Се вчитува...