„Бомба“ на „Газета“: Јуве го купува Сергеј Милинковиќ Савиќ во јануари

Јувентус е на добар пат да стане српска колонија доколку се реализираат најавите на весникот „Газета дело спорт“ дека гигантот од Торино ќе се засили со Сергеј Милинковиќ Савиќ од редовите на Лацио. Јуве подолго време се интересира за српскиот играч за врска, тој и сезонава е еден од лидерите на Лацио, а слабите игри на „старата дама“ придонесоа овој клуб повторно да се активира на пазарот и да тргне во целосна офанзива по Милинковиќ Савиќ.

Овој фудбалер се уште е под договор со Лацио и јасно е дека Лотито ќе биде тежок преговарач, но челниците на Јувентус се уверени дека можат да постигнат договор за трансфер на Србинот, кој би бил од огромна помош во борбата за висок пласман. Римскиот клуб го има проценето српскиот репрезентативец на 100 милиони евра, но во Јувентус се надеваат дека би можеле да ја намалат таа сума со испраќање на свои фудбалери во Лацио.

Само за потсетување, Јувентус минатиот јануари го потпиша Душан Влаховиќ од Фиорентина за 80 милиони евра, а летово во клубот пристигна и Филип Костиќ од Ајнтрахт. Останува да се види дали Сергеј Милинковиќ Савиќ ќе биде третиот српски фудбалер што во рок од околу 12 месеци ќе се пресели на „Алијанц Арена“во Торино.

Се вчитува...