Италијанскиот Јувентус продолжува со очајните игри сезонава. Клубот од Торино вечерва има негатива од 2-0 на гостувањето во Израел кај Макаби Хаифа во натпревар од 4. коло во Лигата на шампионите.
Покрај тоа што израелскиот клуб има позитива од 2-0 со головите на Омер Ацили во 7. и 42. минута, домашниот тим и во поле е подобар противник од далеку попознатиот клуб кој има големо реноме.
Во вториот натпревар од 18.45 часот Манчестер сити игра без голови 0-0 на гостувањето во Данска кај Копенхаген. Во првото полувреме буквално на „граѓаните“ им се случи се што можеше. Прво голот на Родри беше поништен поради играње со рака. Подоцна Марез не реализираше пенал, за на крајот бекот Гомез да добие директен црвен картон.
Maccabi Haifa [2] – 0 Juventus – Omer Atzili great strike 42′ from soccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА