Спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос пред мечот на Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите против Бенфика, категорично негираше какви било индикации дека Килијан Мбапе сака да го напушти клубот, а со него дека и тој ќе замине од Париз.
„Многу сум изненаден бидејќи поминувам многу време со Килијан Мбапе, а тој ниту еднаш не побара од мене или од претседателот да си замине во јануари. Мора да бидеме многу јасни дека ова не е вистина. Тоа е вест што излезе неколку часа пред важниот натпревар против Бенфика. Што се однесува до мене, имам тригодишен договор со ПСЖ и многу сум среќен што сум овде, на ова место“, изјави Кампос.
Претходно денеска француските медиуми пренесоа дека Килијан Мбапе сака да го напушти Пари Сен Жермен во јануари, при што напаѓачот се чувствува „изневерен“ од раководството на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА