„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Мбапе е најдобар голгетер на ПСЖ во Лигата на шампионите

Пари Сен Жермен синоќа одигра повторно само реми против Бенфика (1-1) во натпревар од 4. коло во годинашното издание на Лигата на шампионите.

Стрелец на единствениот погодок за „светците“ беше Килијан Мбапе од пенал. Ова за Французинот беше 31 гол во елитното натпреварување со кој го помина Единсон Кавани (30) и со тоа стана најдобриот стрелец на овој тим во најсилното европско клупско натпреварување.

Се вчитува...