Играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем немаше вообичаена прослава на израмнувачкиот гол против Севилја во ремито 1:1. Неговиот тим на крајот стигна до бод, и покрај тоа што имаше негатива.
Борусија одигра далеку потпросечен натпревар од првиот во Шпанија, но успеа со овој бод да се доближи до 1/8 финалето во ЛШ. Сега на Борусија и остануваат уште два меча: со Сити дома и со Копенхаген во гости за да го потврди пласманот понатаму.
Белингем не беше расположен и по добивањето на наградата за најдобар играч на натпреварот.
„Не славев вообичаено затоа што тимот не победи. Не го направив вообичаеното славје на голот, затоа што не победивме, а тоа е мојата цел. Убаво е да се постигнуваат голови, да се добиваат признанија, но тимот е секогаш на прво место. Пред нас имаме уште два натпревари“, рече Белингем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА