Аргентина може да здивне: Повредата на Ди Марија не е сериозна, ќе биде подготвен за Мундијалот во Катар

Аргентинецот во солзи го напушти теренот во првото полувреме од мечот со Макаби во Хаифа, а денеска стигнаа првите информации дека не се работи за сериозна повреда. Според првите прогнози, Ди Марија ќе отсуствува околу три недели, што значи дека ќе биде подготвен за СП.

Сепак, Јуве нема да може да смета на него во клучните натпревари до паузата. Ди Марија ќе го прескокне дербито со Торино, потоа тешкото гостување во Лисабон, екипата на Бенфика и дербито со Пари Сен Жермен во последното коло од Лигата на шампионите, како и дуелите со Емполи и Лече.

Засега не е познато дали Ди Марија ќе ризикува да игра на големото италијанско дерби против Интер кое е закажано за 6 ноември. Се на се, на фудбалска Аргентина им олесна по ваквата вест, но не баш и на фановите од Торино.

 

 

 

 

Се вчитува...