Антонио Ридигер со гол во 95. минута го спречи првиот пораз на Реал Мадрид оваа сезона, а на сметка на тоа заработи тежок удар по кој мораше да добие дури 20 конци за санација на повредата на лицето.
Ридигер се судри со голманот на Шахтјор и заврши раскрварен на тревата, но прегледите покажаа дека брзо ќе закрепне.
Лекасркиот тим соопшти дека Ридигер ќе мора да носи маска некое време, но мали се шансите да биде подготвен за неделното „Ел Класико“. Анчелоти како алтернатива за него ги има Едер Милитао и Давид Алаба, а одличен меч синоќа одигра и Начо, па Карло несомнено има решенија.
Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Барселона е закажан за в недела од 16.15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

