Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин одговори на критиките на одлуката Белорусија да се натпреварува во квалификациите за Европското првенство 2024 кое ќе се одржи во Германија.
Германската министерка за внатрешки работи Ненси Фезер неодамна испрати барање во УЕФА не само Русија, туку и Белорусија како главен сојузник на Русите да се исфрли од сите меѓународни натпреварувања, но Словенецот вели дека овој потег е популистички и нема причина за тоа.
„Популистички е да барате исфрлање на Белорусија од квалификациите за ЕП. Не гледам причина за тоа. Ако во иднина се променат работите може и ќе реагираме. Политичарите треба да ги почитуваат нашите одлуки за кои сме овластени. Ние не се мешаме во политиката на државите и не им кажуваме на владите што да прават“, изјави Чеферин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА