Охрид подобар од Детонит, Караорман славеше со Кожуф во Гевгелија

Со два одложени натпревари, денеска комплетирано викенд колото во Втората македонска фудбалска лига.

Екипата на Охрид ја совлада екипата на Детонит со 2-0, а стрелци на головите за охриѓани беа Мартин Нически и Александар Ѓорѓиески.

Караорман триумфираше со 0-2 на гостувањето против Кожуф во Гевгелија. Гостите преку Шопоски стигнаа до водство, а триумфот беше заокружен со автогол на домашните.

Се вчитува...