Јувентус во сабота игра градско дерби против Торино, а италијанските медиуми пишуваат за „бунт“ во екипата против тренерот Масимилијано Алегри. После поразот од Макаби Хаифа, „Ла Република“ пишува дека фудбалерите искажале незадоволство од тренерот Масимилијано Алегри.
„Ла Република“ пишува дека Влаховиќ е моментално несреќен поради стилот на игра под Алегри, затоа што тој како напаѓач најмногу „трпи“ и не добива доволно топки со што е отсечен од клипата.
Незадоволство истакнал и вториот Србин, Филип Костиќ за кого се наведува дека нема добри односи со Алегри. Наводно целата група против Алегри ја предводат Мануел Локатели и Вестон МекКени. Неутрална позиција истакнале Погба, Паредес и Ди Марија, кои наводно сакале да останат фокусирани кон Мундијалот во Катар.
Со останување на стручњакот би биле Шчесни, Квадрадо, Де Шилјо, Перин и Данило.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА