Ракометната репрезентација на Македонија има убедливо водство на полувреме … против Луксембург во натпревар од 1. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година во Германија.
Избраниците на Кирил Лазаров на одличен начин го стартуваа мечот и посамо три минути игра веќе имаа предност од 3-0. Луксембуржаните својот прв погодок (3-1) го постигнаа во 4. минута по грешката на нашиот голман Никола Митревски.
Во следните неколку минути се играше гол за гол, а по 10 минути игра Македонија се уште имаше позитива од плус три (6-3). Во 13. минута со голот на Игор Ѓоргиев, Македонија за првпат во мечот стигна до плус четири (8-4). „Црвено-жолтите“ продолжија со одличната игра, посебно во фазата на одбрана па по 15. минути игра поведоа и со плус пет (9-4), по кои селекторот на гостинскиот тим, Никола Малешевиќ мораше да го побара првиот тајм-аут.
Во игра влезе и Филип Кузмановски кој беше поштеден на старто па со неговиот прв гол веќе беше и 10-4, а во 17. минута Македонија стигна и до седум голови предност (11-4) со погодокот на крилото Цветан Кузмановски.
Продолживме да ги „мелеме“ Луксембуржаните, а во 21. минута за првпат стигнавме и до двоцифрена позитива (14-4).
Во 23. минута веќе беше и плус 12 (16-4), а Луксембург по скоро 15 минута пост конечно успеа во 24. да постигне гол и да намали на 16-5. Следеше уште еден погодок на гостите, па на четири минути до крајот на првиот дел селекторот Лазаров го побара својот прв тајм-аут. До крајот на првото полувреме Македонија постигнавме уште два гола кои не доведоа до позитива од плус 11 (18-7).
Двајцата Кузмановски (Филип и Цветан) со по четири гола се први имиња во нашата репрезентација, додека кај Луксембуржаните три има Томи Вриц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА