Ракометната репрезентација на Македонија со убедлив триумф над Луксембург од 38-24 ги стартуваше квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година во Германија.
Селекторот на Луксембург Никола Малешевиќ по мечот вели дека натпреварот покажа кој каде е во моментов.
„И честитам на екипата на Македонија која ја оправда улогата на фаворит и ни покажаа кој каде е во моментов. Ние се обидовме да дадеме отпор бидејќи првпат играме втора фаза квалификации. Сепак се гледа разлика меѓу професионалци и аматери. Во иднина се надевам дека ќе напредуваме и ќе покажеме поголем отпор. Иако не беше многу бучна публиката целата атмосфера имаше големо влијание врз играчите“, изјави Малешевиќ.
Ракометарот на гостинскиот тим Томи Вирц смета дека на вториот меч ќе бидат многу подобри…
„Честитки на победата. Не го отворивме најдобро натпреварот. Правевме многу грешки кои Македонија ги искористи и брзо стигна до голема победа. За нас е ова тежок пораз, но се надевам дека со голема работа ќе бидеме многу подобри кога ќе се сретнеме повторно во квалификациите“, изјави Вирц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА