После стартниот пораз од Шведска, македонските футсал репрезентативци денеска на домашен терен во СЦ Јане Сандански ремизираа играјќи 3-3 против Италија. Македонија на три секунди пред крајот на времето успеа да израмни и така да се спаси од пораз.
Мота во 11. минута и Ло Чичеро во 16. донесоа водство за „азурите“ од 2-0. Меѓутоа Македонија се врати со голот на Рамадани во 18. минута.
Во вториот дел Мота со нов гол во 35. минута донесе водство и од 3-1. Македонија не се предаде и успеа да намали со автогол на Ло Чичеро во 36. минута. Во 39. и 57. секунда, Крстевски успеа да погоди по асистенција на Мицевски, и така Македонија да освои бод од овој меч.
Голем придонес за бодот имаше и голманот Петровски кој одбрани неколку тешки удари, како и обидот на Мота на една секунда пред крајот од мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА