После вечерашните натпревари од четвртото коло во групите А, Б, Ц и Д, познати се уште три осминафиналисти во Лигата на шампионите, кои ќе им се приклучат на Манчестер Сити и Реал Мадрид кои вчера обезбедија пласман во нокаут фазата.
Наполи со победата над Ајакс, дојде од четвртиот триумф во ЛШ, и веќе го трасираше патот кон 1/8 финалето. Дали на првата или на втората позиција, тоа ќе биде познато во следните две кола, или поточно во дуелот со Ливерпул кој се игра на „Енфилд“. Во моментов и Ливерпул е пред пласман во следната фаза, со оглед дека има девет бодови, или шест повеќе од Ајакс, додека Ренџерс е без бодови. На Ливерпул му треба само еден бод во дуелот со Ајакс за да го потврди 1/8 финалето.
Бриж успеа да собере 10 бодови, и да има подобар скор од Атлетико Мадрид во меѓусебните дуели, со шест бодови предност. Исто така и белгискиот тим не е сигурен дали ќе биде прв или втор на табелата.
Баерн Минхен речиси сигурено е прв на табелата, затоа што на две кола до крај има пет бодови предност пред Интер. Интер може да го загрози ако ги добие двата натпревари до крај, а Баерн ги загуби, додека Барселона нема шанси да ги стигне „Баварците“ на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

