Вчера Барселона во луд натпревар, одигра 3-3 против Интер, и така си ги намали шансите за пласман во 1/8 финалето во ЛШ. Сега не само што Барса треба да ги добие двата натпревари, туку треба да чека на двата меча против Плзен и Баерн, Интер да не победи, што е тешко веројатно.
Роберт Левандовски летово од Баерн замина во Барселона. Начинот на кој го напушти германскиот шампион не им се допадна на навивачите, па вчера на социјалните мрежи имаше многу пораки упатени кон него.
Една од нив гласеше: „Разочарани сме и бесни на начинот на кој го напушти клубот. Немаше респект кон нас, и покрај тоа што многу те сакавме. Кармата те погоди, сега заслужуваш да играш во Лигата на Европа“.
За моментот да биде идеален, вчера Баерн осигура пласман во 1/8 финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

