Чави: Се уште сме во игра за Ла Лига, Купот и Суперкупот на Шпанија

Само чудо може да ја задржи Барселона во Лигата на Шампиони откако каталонците на вчерашниот натпревар против Интер ремизираа со 3-3. Во фантастичниот натпревар херои на шпанскиот состав беа Роберт Левандовски кој донесе бод во 92. минута и Андре тер Штеген кој одбрани зицер неколку минути подоцна.

Грешките во нападот и одбраната скапо ја чинеа Барселона и токму за тоа говореше и тренерот Чави кој сепак ја превзема вината. А, и покрај поразот тој вели дека неговиот тим сеуште е во игра за трофеите во Шпанија.

„Правевме грешки кои не смееме да си ги дозволиме во вакво натпреварување. Сега мора да се потпреме на вербата и карактерот за да се вратиме во борба. Не покажавме што можеме во Лигата на Шампиони, но и понатаму сме во игра за шпанското првенство, Купот и Суперкупот. Сезоната е долга, а нашата тактика е добра. Нема да издвојувам играчи бидејќи сме тим. Ако Пике, Бускетс, Педри или Дембеле прават грешки, јас сум виновен за тоа“, изјави Чави.

Се вчитува...