ТФТ на стартот на новата сезона се соочи со неочекуван проблем откако очекувањата не ги исполни Донован Доналдсон, а по заминувањето на Американецот, решението за бековската позиција го најде во два нови кошаркари, Џермејн Бишоп и Дупри МекБрејер.
Бишоп е добро познат во македоската кошарка и во претходната со успех го носеше дресот на клубот од Тафталиџе, имајќи и голем придонес во освојувањето на Купот на Македонија. На 14 средби во Првата лига оствари просек од 11.1 поен, 3.9 асистенции и 2.6 скока, а одигра и седум натпревари во БИБЛ лигата со просек од 11.0 поени, 3.7 асистенции и 2.0 скока.
Дваесетишестгодишниот МекБрејер пак ќе дебитира на мак-баскет сцената. Во Скопје доаѓа по сезона помината во герамснкиот второлигаш Нирнберг каде бележи просек од 13.0 поени, 2.9 асистенции и 2.6 скока на 32 одиграни натпревари. Претходно има искуство носејќи го дресот на Борисфен во Белорусија и Валка во Естонија.
Двата кошаркари се неизвесни за денешниот натпревар против Чаир 2030 во 2. коло од Првата кошаркарска лига (17 часот, СРЦ „Кале“), но се очекува да бидат од голема помош на престојниот „балон“ на АБА2 во кој ТФТ дебитра со натпревари против Пелситер и Сутјеска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

