Црвена Звезда продолжува со засилувањата за новата сезона во која белградскиот тим ќе ја брани титулата во АБА лигата, а и ќе бара место во плеј-офот на Евролигата. За тоа „црвено-белите“ ќе можат да сметаат на услугите на Лука Вилдзоа кој денеска официјално стави потпис на двогодишен договор.
Аргентинскиот репрезентативец во Белград доаѓа од НБА лигата каде го носеше дресот на Милвоки Бакс, но зад себе има огромно европско искуство, успешно настапувајќи за Васконија од 2016 до 2021 година. Интересно, тој беше опција и за Партизан, но сега ќе настапува против големиот ривал.
Argentinski plejmejker Luka Vildoza novo je pojačanje KK Crvena zvezda mts!
Detaljnije: https://t.co/slqBVVSz41
Welcome, Luca! 🔴⚪️#kkcz #TogetherWeCan #WeAreTheTeam pic.twitter.com/4RS4jWixf7
— KK Crvena zvezda mts (@kkcrvenazvezda) October 13, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА