Хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ со соочува со бизарен проблем со италијанската полиција откако не се појави како сведок на судско рочиште во постапка за наводна клевета која неговиот поранешен соиграч од Интер, Мауро Икарди ја води против новинарот Фабрицио Корона.
Новинарот во 2019 година пишуваше за прељуба помеѓу неговата сопруга и менаџерка Ванда Нара и Хрватот Марсело Брозовиќ кој во тој момент беше соиграч на Аргентинецот, а Перишиќ требал да биде клучен сведок, но не се појавил во судот поради настап со неговиот Тотенхен во Лигата на Шампиони.
Поради тоа Перишиќ доби казна од 500 евра и опомена дека доколку не се појави на рочиштето закажано за 25. јануари ќе биде приведен од полицијата. Интересно, на рочиштето не се појавил ниту тужителот Мауро Икарди кој во моментот е дел до Галатасарај, а доколку Аргентинецот повторно не се појави пред судот ќе дојде до отстапување од тужбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

