Српскиот голгетер Александар Митровиќ говореше за белгиските медиуми во пресрет почетокот на Светското првенство во Катар кое е на програмата од 20. ноември до 18. декември.
Србинот кој од 2013 до 2015 година настапуваше за Андерлехт вели дека Белгија е негов втор дом, а сценарио од сништата би му било финале помеѓу Србија и Белгија.
„Поминав одлични две години тука и за мене ова е втор дом. Сценарио од сништата ми е финале на Светското првенство помеѓу Србија и Белгија, замислете го тоа“, вели Митровиќ.
Србија во групната фаза силите ќе си ги одмери со Бразил, Швајцарија и Камерум во групата „Г“, додека Белгија е во групата „Ф“ каде се уште Хрватска, Канада и Мароко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА