Барселона после ремито од 3-3 против Интер, се наоѓа пред елиминација од Лигата на шампионите. Барса оваа сезона не игра како што се очекува во Лигата на шампионите, иако екипата пред почетокот на сезоната беше со амбиции да стигне далеку во европската „елита“.
Шпанските медиуми тврдат дека после натпреварот со Интер, претседателот на клубот Жоан Лапорта одржал неколку итни состаноци со своите соработници. Медиумите откриваат дека директорите Алемани и Кројф се обиделе да го смират затоа што бил вон контрола. Сакал да уништи се, затоа што видел дека проектот не успева. Тој бил возбуден поради ЛШ, и планирал да промени неколку работи за идната сезона.
Исто така искажал измореност од неколку играчи, и во последните недели зборувал за нив.
Ова се сериозни потреси во таборот на „Каталонците“ кои доаѓаат непосредно пред најголемиот натпревар сезонава „Ел Класико“ и дуелот со Реал Мадрид во сабота од 16:15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

