Барса на „Ел Класико“ ќе носи дресови со логото на канадски рапер?!

Првото годинешно „Ел Класико“, натпреварот помеѓу Реал и Барселона ќе се одигра в недела со почеток од 16.15 часот во Мадрид. Каталонскиот тим на овој меч ќе го има логото на канадскиот рапер Дрејк.

Минатата сезона Барселона се согласи да соработува со сервисот за стриминг на музика „Spotify“ со цел да ги закрпи финансиските дупки предизвикани од долгогодишниот лош бизнис. Под слоганот „да ги споиме фудбалот и музиката“, Барселона на загревањето ќе истрча во дресови со логото на Дрејк. Канадскиот рапер прв ја проби марката од 50 милијарди стримови на „Spotify“, па токму оваа бројка и ќе се најде на грбот на дресовите на играчите.

Барселона и Реал во големото дерби влегуваат од врвот на табелата, со ист број бодови. Барселона е на прво место бидејќи има подобра гол разлика. Избраниците на Чави примија само еден гол во последните осум кола.

 

Се вчитува...