Богатиот премиерлигашки викенд кој е пред нас ќе го одбележи дуелот помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул. Овие два тима во последните години водат тешки битки, а истото се очекува и в недела од 17 часот и 30 минути.
Ливерпул нема добар старт на сезоната и по 10 одиграни натпревари е на 10. место на табелата со 10 освоени бодови, 13 помалку од „граѓаните“, односно 14 помалку од лидерот Арсенал. Но, „црвените“ не смеат да се отпишат и покрај тоа што ќе имаат тешка задача да ја сочуваат мрежата недопрена против неверојатниот Ерлинг Халанд.
Норвежанецот постигна 15 гола во досегашниот дел од првенството, а стоперот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк го знае „рецептот“ за победа.
„Мораме да ги запреме топките кои се наменети за него. Да се браниме во висок квалитет и да бидеме најдобри што можеме. Тоа е рецепт кој секогаш се користи кога се среќавате со Сити, а така ќе биде и сега. Дефинитивно нема да биде ова дуел помеѓу мене и него, туку помеѓу нас и нив. Сакаме да ги спречиме да постигнат гол, без разлика кој е на теренот“, вели Ван Дајк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

