Клоп: Еве, и да го сопреме Халанд, но што е со останатите играчи на Сити?

На Енфилд викендов се игра англиското дерби меѓу Ливерпул и Манчестер Сити во рамките од 11. коло во Премиерлигата. Но, во овој момент тоа не е дуел на две најдобри екипи во моментов во Англија, затоа што Ливерпул „дебело“ заостанува.

Сити е на врвот, во моментов е втор, и има еден бод помалку од Арсенал, меѓутоа Ливерпул лошо отвори и сега е на средината на табелата. Има само две победи од осум натпревари, но тимот на Клоп ќе влезе по победата над Ренџерс од 1-7.

„Во недела играме против Халанд, најдобриот напаѓач во овој момент. Она што мораме да направиме е да не му дозволиме да прима многу топки. Знаеме дека тоа ќе биде тешко. Еве, и да го сопреме Халанд, но што е со другите играчи на Сити? Како нив ќе ги сопреме? Не чека многу работа“, рече Клоп кој напомена дека Халанд е физички силен, технички неверојатен и интелигентен играч. 

„Посебен играч, чудо!“, додаде Клоп 

Се вчитува...