Димитриевски се врати на голот на Рајо, и сочува „празна мрежа“

Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски, по паузата во претходното коло во шпанската Ла Лига во кое неговиот тим загуби со 3-1 на гостувањето против Алмерија, повторно се врати на голот на Рајо Ваљекано.

Димитриевски се врати на голот на Рајо и успеа да сочува „празна мрежа“ во ремито без голови на домашен терен против екипата на Гетафе.

Рајо Ваљекано беше и поблиску до победата, но Аргентинецот Оскар Трехо во 53. минута не успеа да погоди од пенал.

Се вчитува...