Шпанија одби да испрати интервентна полиција во Катар

Шпанија нема да испрати полиција за борба против нереди во Катар за да помогне во заштитата на претстојното Светско фудбалско првенство како што побара оваа земја од Блискиот Исток, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи.

Министерството одби да коментира дополнително за одлуката и само го потврди претходниот извештај на радиото Кадена Сер, во кој се вели дека Шпанија размислувала да испрати околу 115 полицајци во Катар, но на крајот одбила.

Со население од помалку од три милиони – од кои само 380.000 се државјани на Катар – Катар се соочува со недостиг на персонал додека се подготвува за едномесечниот фудбалски турнир што започнува на 20. ноември. Минатиот месец Турција објави дека ќе испрати повеќе од 3.000 полицајци за да му помогнат на Катар да биде домаќин на врвен фудбалски настан.

Се вчитува...