Шефот на организацијата на Светското првенство во фудбал, Насер Ал Катер најави големи промени во Катар пред и за време на натпреварувањето.
Најголемите промени се поврзани со алкохолот, со оглед на тоа што Катар е традиционална муслиманска земја, досега граѓаните кои беа под дејство на алкохол на јавни места завршуваа во затвор.
Тоа ќе се промени кога ќе почне Светското првенство – Катарците ќе создадат „зони за отрезнување“, каде што ќе одат навивачите кои испиле премногу, за да се отрезнат и безбедно да се вратат во своето сместување.
Тие зони ќе се состојат од шатори, а таму ќе бидат обезбедени пијаните луѓе за да не си наштетат себеси или другите.
Големи промени ќе се воведат и во односот кон хомосексуалците. Иако Катар е многу конзервативна земја кога станува збор за правата на сексуалните малцинства, Ал Катер рече дека ќе им дозволи на геј паровите да се држат за рака во јавност и нема да ги казнува поради тоа. Светското првенство почнува на 20 ноември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА