Гвардиола: Октомври е, зошто да го отпишувам Ливерпул

Ливерпул ќе го пречека Манчестер сити во дерби натпреварот на 11. коло во новата сезона во англиската Премиер-лига.

И покрај слабиот старт на сезоната на „црвените“, менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола вели дека не смее тимот од „Енфилд“ да биде отпишан од борбата за титулата.

„Секогаш го гледам Ливерпул како кандидат. Зошто да го игнорирам Ливерпул сега, октомври е? Октомври е и секој се труди да биде шампион. Реалноста е дека Манчестер Сити во изминатите години дојде на врвот, во дуели со Ливерпул, Јунајтед и останатите тимови и сака да остане тука“, изјави Гвардиола.

Натпреварот кој ќе се игра на „Енфилд роуд“ е закажан за утре со почеток во 17.30 часот.

Се вчитува...