Клоп: Никој не може со Манчестер сити

Ливерпул ќе го пречека Манчестер сити во дерби натпреварот на 11. коло во новата сезона во англиската Премиер-лига.

И покрај слабиот старт на сезоната на „црвените“, менаџерот на Јирген Клоп вели дека тие не можат да се натпреваруваат со „граѓаните“.

„Никој не може да се натпреварува со Манчестер Сити. Го имате најдобриот тим во светот и го додавате најдобриот напаѓач на пазарот. Без разлика колку чини, едноставно го правите тоа. Ние не можеме да делуваме како нив на трансфер пазарот. Не е возможно, не е возможно“, изјави Клоп. 

Натпреварот кој ќе се игра на „Енфилд роуд“ е закажан за утре со почеток во 17.30 часот.

Се вчитува...