Брегалница води против Силекс, „лавовите“ со евро-гол до предност против Силекс, Работнички и Шкендија израмнети на полувремето (ВИДЕО)

Брегалница и Македонија ЃП имаат предност против своите противници по првите 45 минути во 11. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Брегалница со пресврт има предност од 2-1 против Силекс на дуелот во Штип. Кратовци поведоа уште во 5. минута со голот на Масевски, но потоа се беше во знакот на домашните.

Веќе во 8. минута штипјани израмнија со голот на Ѓорѓиев, а во 23. минута Александар Ристевски со глава донесе предност од 2-1.

Македонија ЃП води со 1-0 против Скопје уште од 19. минута со евро-голот на Самаке.

Работнички и Шкендија, пак, имаат 1-1 по првото полувреме. Работнички поведе во 6. минута со голот на Максимов, но Шаља по асистенцијата на Хасани во 23. минута донесе 1-1.


Без голови по првите 45 минути е на дуелот во Прилеп меѓу Победа и Академија Пандев.

ПМФЛ – 11. КОЛО (прво полувреме)
Штип: БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС 2-1
Ѓорѓиев 8′, Брегалница 23 – Масевски 5′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 1-1
Максимов 6′ – Шаља 23′
Прилеп: ПОБЕДА – АК. ПАНДЕВ 0-0
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ 1-0

Самаке 19′
УТРЕ (14 ч.)
Скопје: ШКУПИ – СТРУГА ТЛ

Се вчитува...