Славчо Георгиевски го напушти кормилото на прволигашот Скопје по поразот на гостувањето кај Македонија ЃП (2-0) во натпревар од 11. коло во Првата фудбалска лига на Македонија.
Популарниот Тупан го презеде кормилото на Скопје, но по очајните партии на стартот на сезоната и освоените само пет бода на десет натпревари реши да ја напушти функцијата.
Како прв фаворит за клупата на Скопје се споменува Љупчо Марковски Калц кој минатата година беше на клупата на прволигашот, а на стартот на оваа премина во Работнички каде не издржа долго.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

