Севилја успеа да стигне до минимален триумф од 0-1 на гостувањето кај Мајорка во натпревар од 9. коло во шпанската Ла лига.
Клучниот момент во натпреварот се случи во 53. минута, кога српскиот интернационалец Немања Гудељ на асистенција на Иско постигна погодок за големи три бода за неговиот тим.
Со оваа победа тимот од Андалузија побегна од опасната зона и сега се наоѓа на делба на 12. позиција со денешниот противник со по девет освоени бода.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА