Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски во шестиот свој натпревар на клупата на Горица го запиша и петтиот пораз, наспроти само едно реми досега во хрватскиот шампионат, овој пат на домашен терен од Хајдук со 0-1, по гол примен во 98. минута.
Хајдук беше многу подобар тим на теренот не реализирајќи бројни шанси уште во првото полувреме, но и пенал преку Ливаја во 59. минута од средбата.
Откако ВАР-системот во 59. минута покажа дека има пенал за Хајдук, по што беше исклучен и домашниот дефанзивец, Ливаја не успеа да го реализира ударот од белата точка. Низ тие тензични минути на терен, исклучување заработи и асистентот во стручниот штаб на Ангеловски.
The end is near! pic.twitter.com/mgGbKztPrD
— Everything About HNL (@AboutHnl) October 15, 2022
Но, тоа што не му успеа на Ливаја од пенал, му успеа во 98. минута кога буквално во последната секунда од средбата му донесе триумф на Хајдук.
Gorica 0-1 Hajduk (90+8')
Marko Livaja redeems himself!!!!!!! pic.twitter.com/tOifgzM11R
— Everything About HNL (@AboutHnl) October 15, 2022
Во таборот на Хајдук во 63. минута во игра влезе и македонскиот репрезентативец Јани Атанасов кој до крајот имаше активна улога во офанзивата на својот тим.
Горица останува на последната позиција на табелата во Хрватска со 6 освоени бода, три помалку од претпоследната Ријека.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА