Серафимов „поцрвене“, МОЛ Фехервар поразен (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов не го дочека крајот на натпреварот меѓу Вашаш и МОЛ Фехервар во унгарскиот шампионат кој заврши со пораз на неговиот тим од 2-0.

Серафимов во 70. минута доби црвен картон, се чини во извесна мера и престрого доделен, по заработен втор жолт картон, откако претходно доби опомена уште во 10. минута од средбата.

По исклучувањето на македонскиот дефанзивец, Вашаш постигна и втор гол за триумф од 2-0. Ова е прво исклучување во двегодишните настапи во Унгарија, претходно и за Залаегерцег минатата сезона.

Се вчитува...