Масимилијано Алегри конечно имаше причина за задоволство откако Јувентус го доби градското дерби со Торино со минимални 0-1, прва гостинска победа на „старата дама“ оваа натпреварувачка сезона.
Влаховиќ беше стрелец на единствениот погодок на натпреварот на кон „црно-белите“ беа далеку од доминантни, но ссепак успеаја да стигнат до посакуваниот резултат.
„Искрено сум многу задоволен, бидејќи момците конечно покажаа што значи да се биде тим, Јуве покажа дека е екипа. Бевме организирани, од почеток до крај го контролиравме темпото, имавме многу шутеви кон противничкиот гол. Не беше лесно бидејќи цела сезона немавме славено надвор од нашиот стадион, не постигнавме гол на три од последните пет меча… токму затоа беше важно да се покаже карактер, а моите играчи го сторија токму тоа. Ме радува пристапот, секако дека можеме да играме уште подобро, но тоа ќе го оствариме како што ќе минува времето“, изјави Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА