Со дербито меѓу Шкупи и лидерот Струга ТЛ денеска од 14 часот на Чаир се заокружува 11. коло во Првата македонска фудбалска лига.
По девет одиграни натпревари стружани се водечки на табелата, без ниту еден пораз, со осум победи и само едно реми. Сето тоа, без сомнение, е силен предизвик за актуелниот македонски шампион да застане на патот на Струга ТЛ.
Не е тајна дека во таборот на Гоце Седлоски се желни за триумф, со кој ќе се пробијат веднаш зад Шкендија на водечките три позиции на табелата.
Но, свои планови секако имаат и стружани кои цврсто чекорат по својот пат…
„Струга ТЛ има сила да се соочи со било која екипа во Првата лига, тоа го докажавме на досегашните девет натпревари, со 8 победи и едно реми. Ќе се бориме до крајот на првенството да останеме на првите три места на табелата кои носат на европската сцена. Нормално, тоа бара максимална посветеност од сите нас, како од страна на стручниот штаб на чело со Срѓан Захариевски, раководството, играчите, за да на крај стигнеме до нашата цел. Што се однесува до шампионската титула, верувам дека е рано да се прават планови на таа тема, нормално е дека сите сакаат такво нешто, тоа е нешто за што сонува секој играч и секој тренер, но одиме чекор по чекор на секој натпревар, а крајот ќе покаже се“ – вели тренерот на голманите на Струга ТЛ, Дардан Мифтари.
ПМФЛ – 11. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Скопје: ШКУПИ – СТРУГА ТЛ
ВЧЕРА
Штип: БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС 2-3
Ѓорѓиев 8′, Брегалница 23 – Масевски 5′, Манасиевски 63′, Ристовски 75′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 2-4
Максимов 6′, Јанакиевски 65′ – Шаља 23′, Стојановски 49′, 85′, Велија 75′
Прилеп: ПОБЕДА – АК. ПАНДЕВ 1-1
Рамани 75′ – Велиновски 59′
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ 2-0
Самаке 19′, Вучичевиќ 75′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА