ВМФЛ: Вардар минимално со Беса, Воска подобра од Беласица, Гостивар со седум „парчиња“ за Тетекс

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб славеше на домашен терен против Беса со минимални 1-0 во натпревар од 8. коло во Втората македонска фудбалска лига.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 69. минута кога голот вреден три бода го постигна Бенјамин Демир.

Воска славеше на гостувањето кај Беласица со 1-3. Гостивар победи со убедливи 0-7 на гостувањето кај Тетекс, а интересно е тоа што што гостите на овој меч постигна три гола за пет минути во периодот од 46. до 50. минута.

Пелистер на домашен терен ја совлада Слога Виница со 3-0, додека Детонит Јуниор беше подобар од „фенерџијата“ Борец со 1-0. Со истиот резултат славеше и Охрид во „езерското“ дерби против Караорман.

ВТОРА ЛИГА 8. КОЛО: 

ВАРДАР – БЕСА  1-0

ПЕЛИСТЕР – СЛОГА ВИНИЦА  3-0

БЕЛАСИЦА – ВОСКА 1-3

ТЕТЕКС – ГОСТИВАР 0-7

ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – БОРЕЦ 1-0

АРСИМИ – ПЕХЧЕВО (ЛОКОМОТИВА) 0-0

КОЖУФ – КАМЕНИЦА САСА 3-2

ОХРИД – КАРАОРМАН 1-0


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...