Карим Бензема и Федрико Валверде се творците на победата на Реал Мадрид против Барселона од 3-1 во 250-то „Ел Класико“ во шпанската Ла Лига.
По само 30 минути игра „кралевите“ во Мадрид поведоа со 2-0, што на крај се покажа сосема доволно за освојување на трите бода, благодарение на Бензема и Валверде, иако во судиското продолжение Родриго запечати за 3-1.
Натпреварот во Мадрид почна на најдобар можен начин со брз гол уште во 12. минута. Реал во раната фаза од мега-пресметката успеа да дојде до водство со голот на Карим Бензема. Неколку натпревари поради повреда го немаше Французикот во составот на Реал, за да сега се врати на најдобар можен начин покажувајќи ја својата класа со голот, по акцијата на Винисиус.
Барселона успеа да внесе неизвесност во натпреварот со голот на Феран Торес во 83. минута, но комплетната неизвесност беше завршена кога во првата минута од судиското продолжение, по ВАР-реакција, Реал Мадрид доби пенал, а Родриго прецизно стрелаше за конечни 3-1.
Real Madrid third goal by Rodrygo from a penalty kick ..#HalaMadrid | #ElClasico
pic.twitter.com/aodwDZqw89— 🆉🅸🆉🅾🆄 (@zi_46) October 16, 2022
Барселона го доживеа првиот пораз во Ла Лига сезонава, препуштајќи го врвот на Реал Мадрид кој е со осум победи и само едно реми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

