Унион Берлин гази во Бундеслигата: На колена и Борусија Дортмунд (ВИДЕО)

Фудбалерите на Унион Берлин дополнително се зацврстија на врвот во Бундеслигата, откако во 10. коло славеа со 2-0 против Борусија Дортмунд.

Домашниот задачата на патот до трите бода си ја завршија по само 20 минути игра и тоа со двата гола на Хаберер кој најпрво погоди уште во 8. минута, а потоа стрелаше и во 20. минута за 2-0.

По оваа победа, Унион Берлин со 23 бода се зацврсти на врвот со пет бода предност во однос на второпласираниот Фрајбург.

Се вчитува...